Соопштенија

Сабота, 30 ноември 2013 година
 
Учество на семинар на тема: „Механизми со кои националните парламенти располагаат за справување со корупција“

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Илија Китаноски, претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Ромео Тренов, член на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и г. Драгиша Милетиќ заменик-член на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на 2 декември 2013 година ќе учествува на семинар на тема: „Механизми со кои националните парламенти располагаат за справување со корупција“, кој ќе се одржи во Парламентот на Република Србија во Белград.

Настанот е во организација на Комисијата за деловнички, имунитетни и уставни прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

На семинарот свое обраќање ќе имаат претседателот на српскиот парламент, г. Небојша Стефановиќ, г-ѓа Наташа Вучковиќ, претседавач на Комисијата за деловнички, имунитетни и уставни прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа и претседател на Комисијата за европска интеграција на Парламентот на Србија, г-ѓа Антје Ротмунд, раководител на Канцеларијата на Советот на Европа во Белград, г. Тилман Хоп, експерт за борба против корупција на Советот на Европа, г-ѓа Хедер Вуд, од Канцеларијата на Парламентарниот комесар за стандарди на Велика Британија, г. Јохан Вадефул, пратеник во германскиот Бундестаг и член на Комисијата за деловнички, имунитетни и уставни прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Тудор Чиуари, претседател на Комитетот за правни прашања, состаноци, дисциплина, имунитет и потврдување на Сенатот на Романија, г. Кристофер Чоп, претседател на Комитетот за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа, известувач на Парламентарното собрание на тема „Дисциплина на членовите на Парламентарното собрание", член на Комитетот за правда и Комитетот за стандарди на Долниот дом на Велика Британија, г. Роберт Нил, пратеник од Долниот дом и заменик-претседател на Конзервативната партија, член на Комитетот за правни прашања и човекови права на ПССЕ, претставник на ГРЕКО од ПССЕ и Каролин Мартин од Европската комисија за демократија преку право (Венецијанска комисија).

 

 
Click