Соопштенија

Среда, 15 мај 2013 година
 
Учество на собраниска делегација на Пролетната сесија на ПС на НАТО

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, предводена од шефот на делегацијата, г-ѓа Ермира Мехмети, а во чиј состав се г. Павле Трајанов и г. Горан Сугарески, од 16 до 19 мај ќе учествува во работата на Пролетната сесија на ПС на НАТО што се одржува во Луксембург.

Освен на пленарната седница, делегацијата ќе зеде учество и во работата на петте комитети на ПС на НАТО, меѓу кои и Комитетот за цивилна димензија на безбедноста, каде што ќе биде разгледан извештајот на комитетот за Западниот Балкан.
Click