Соопштенија



Четврток, 21 февруари 2013 година

Учество на Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Пратениците г. Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и г. Џеват Адеми, заменик-член на Делегацијата, учествуваат на Зимската сесија на ПС на ОБСЕ, што се оддржува на 21 и 22 февруари 2013 година во Виена, Австрија.

Во рамките на Зимската сесија, ќе се одржат одделни седници на трите комисии на ПС на ОБСЕ, седница на Постојаниот комитет, како генерална дебата на тема: „Состојбата во Сирија, Мали и Северна Африка“.

Се очекува на пратениците да им се обратат: г-ѓа Барбара Прамер, претседател на Австрискиот парламен; г. Ламберто Заниер, генерален секретар на ОБСЕ; г. Виачеслав Јациук, специјален претставник на министерот за надворешни работи на Украина и претседавач со ОБСЕ; г. Кнут Волебек, висок комесар на ОБСЕ за национални малцинствач г-ѓа Дуња Мијатовиќ, претставник на ОБСЕ за слоботата на медиумите; г. Јанез Ленарчич, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОБСЕ/ОДИХР) и други високи претставници на ОБСЕ и експерти.

 

Click