Соопштенија

Вторник, 5 февруари 2013 година
 
Учество на промоција на регионалнаТА студија Економски и европски перспективи на земјите од Западен Балкан
 
Во рамките на проектот на Вестминстер фондацијата за демократија „Улогата на парламентите и владите во промовирање на конкурентноста и економскиот раст во земјите од Западен Балкан, претседателот на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Владанка Авировиќ, ќе учествува на промоцијата на регионалната студија: Eкономски и европски перспективи на земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи денеска во Белград, Република Србија.

Целта на овој настан е презентирање на наодите на публикацијата, која дава преглед на економската состојба во земјите од регионот и нивниот напредок кон ЕУ; дискусија за идните чекори на проектот, со цел споделување на најдобрите практики од земјите во регионот, како и да ги елиминираат нивните слабости; да ги информира сите заинтересирани акционери за регионалната мрежа и нејзините активности, со цел да се прошири мрежата, вклучувајќи владини претставници и истражувачи од регионот.

Учесниците на презентацијата ќе бидат членови на парламентите, владини претставници и експерти од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, како и актуелниот претседавач на мрежата, Република Македонија.

Инаку претседателот на комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ е раководител на парламентарната мрежа на комисиите за економија и финансии на земјите од Западен Балкан. Регионалната мрежа на парламентарните комисии за економија и финансии на земјите од Западен Балкан, беше формирана на Регионалната парламентарна конференција во Белград (март 2009 година), со цел да се унапреди соработката помеѓу парламентите во регионот.
Click