Активности

Среда, 15 јануари 2014 година

Деведесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Деведесет и втора седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност;
  2. Предлог-законот за финансиската полиција;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжница;
  4. Предлог-законот за дополнување на Законот за пригодни ковани пари.

По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжница, Комисијата водеше претрес по 8 амандмани поднесени од пратениците Марјанчо Николов, Самка Ибраимоски, Миле Андонов, Стојко Пауновски, Ленче Николовска, Панче Орцев и Борче Ставров, како и по 4 амандмани поднесени од пратеникот Самка Ибраимоски. Претставникот на Владата не се согласи со поднесените амандмани и Комисијата не ги усвои истите.

По останатите три Предлог-закони, во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

  • Комисијата ги проследи сите четири Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.
Click