Активности

Вторник, 26 август 2014 година

Да се направи уште поцврст мост на пријателство меѓу двете земји

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Антонијо Милошоски денеска оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Државата Израел за Република Македонија, со седиште во Ерусалим, Н.Е. г. Дан Орјан.

На почетокот од средбата потпретседателот Милошоски изрази благодарност до амбасадорот за средбата, притоа упати честитки за изборот, посакувајќи му добра и успешна работа.

Милошоски изрази задоволство од преземената одлуката во 2008 година за отворање на Македонска амбасада во Израел, пријателска земја со која нема отворени прашања.

Воедно посoчи дека досега постигнати се многу заеднички договори, посети како и меѓусебна поддршка во разни меѓународни организации, а изградбата на меморијалниот центар на жртвите од холокаустот треба да е пример во регионот.

Амбасадорот Орјан посочи дека ова е прва позиција како амбасадор за него, но гледа огромен потенцијал за унапредување на соработката. Воедно ги запозна присутните со актуелните случувања во Израел.

Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Државата Израел за Република Македонија, со седиште во Ерусалим, Н.Е. г. Дан Орјан оствари средба со претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, г. Павле Трајанов и членовите. На средбата присуствуваа и членовите г-ѓа Силвана Бонева и г-ѓа Благица Ласковска.

На средбата претседателот и членовите на пратеничката група беа запознати со актуелните случувања во Израел. Исто така, беа запознати со изборот на претседател на групата за соработка со Собранието на Република Македонија, а воедно беше укажано дека во најскоро време ќе бидат избрани и членови на групата за соработка, со што се очекува поголема взаемна соработка.

Претседателот и членовите на пратеничката група укажаа дека се залагаат за продолжување на соработката на парламентарно ниво, потоа на економски план, енергетика, медицина, размена на студенти и во други области во кои може да се соработува помеѓу двете земји.

Click