Активности

Петок, 27 ноември 2015 година, Белград

Димитриев и Ѓорчев на Регионален парламентарен дијалог

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Емил Димитриев и членот на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Владимир Ѓорчев учествуваат на Регионален парламентарен дијалог на тема „Управување со миграциите, заштита на бегалците и борба против организираниот криминал“ кој се одржува во Белград, Република Србија, на 26-27 ноември 2015 година.

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Емил Димитриев ги информираше парламентите на партнерските земји од Југоисточна Европа за статистиката за бегалците кои транзитираат низ Македонија и даде предлог на пакет-мерки за подобрување на протокот, логистиката и третирањето на бегалците.

Исто така, потенцираше дека бегалците слободно доаѓаат до границата на Република Македонија и дека првото нивно регистрирање се врши во нашата земја, а со тоа ние сме првата земја кон која е насочен притисокот од оваа криза. Тој повика на конкретна реакција на меѓународната заедница, земајќи ги предвид прогнозите колку ќе трае оваа криза, како и потенцијалниот број на мигранти кој се очекува да изтранзитира низ нашиве земји.

Click