Активности

Вторник, 21 април 2015 година

Дваесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 20. седница, како матично работно тело, во второ читање ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште;
  2. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната;
  3. Предлогот на законот за престанување на важењето на Законот за водните заедници.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Михаил Цветков, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседавачот на Комисијата, г. Ромео Тренов, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, беа разгледани вкупно 3 амандмани по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, од кои два беа усвоени, а еден повлечен од овластените предлагачи.

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: г. Љупчо Димовски, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Никола Мицевски и г. Ромео Тренов.

Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната и Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за водните заедници, претседавачот на Комисијата ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот, не се поднесени амандмани од овластените предлгачи.

Во дискусијата по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната учествуваше пратеникот г-ѓа Шпреса Хадри. 

Врз основа на членот 149 став (2) од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата поднесе и усвои два амандмани по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната. 

По расправата, Комисијата ги проследи горенаведените Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието. 

Click