Активности

Среда, 17 декември 2014 година

Јавна расправа по Предлог-законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамките на Дванаесеттата седница која се одржа на ден 17 декември (среда) 2014 година, со почеток од 10.00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на Република Македонија, одржа Јавна расправа по Предлог-законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната.

На седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше Билјана Бришковска-Бошковски, заменик-министер за правда.

На Јавната расправа по Предлог-законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната со своја дискусија учествуваа: Билјана Бришковска-Бошковски, заменик-министер за правда, Владимир Панчевски, претседател на Основниот суд Скопје 1 - Скопје, Лилјана Ивановска Шопова, в.д. претседател на Апелациониот суд Скопје, Златко Биковски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Николa Додевски претседател на Адвокатска комора, Јани Ничев судија во Основен суд Скопје 1, пратениците Светлана Јакимовска и Ромео Тренов, како и претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Владимир Ѓорчев.

Врз основа на мислењата, предлозите и ставовите кои беа изнесени на јавната расправа, матичното работно тело, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе подготви Извештај кој ќе го достави до Собранието на Република Македонија. 

Click