Активности

Среда, 17 декември 2014 година

Климатските промени се еден од најважните настани на глобално ниво

Пратеникот и претседател на ДОМ, г-ѓа Лилјана Поповска и пратениците г-ѓа Лилјана Затуровска, г-ѓа Шпреса Хадри, г. Сашо Василевски, г-ѓа Соња Талевска, г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска, г-ѓа Солза Грчева и г-ѓа Мирсада Емини-Асани, одржаа работен состанок со г. Доминик Готиер, прв советник во Амбасадата на Република Франција во Република Македонија и г. Себастиен Ботре Бонетре, аташе за соработка во Амбасадата на Република Франција во Република Македонија и со г. Антонио Јовановски, претседател на Еколошкото здружение Гоу Грин, на тема Климатски промени.

Пратеникот Лилјана Поповска во поздравното обраќање истакна дека на овој неформален состанок ќе се проговори за климатските промени и земање на учество на Република Македонија во подготвителниот период за Самитот за климатски промени кој, 2015 година, ќе се одржи во Париз. 

Самитот за климатски промени е еден од најважните настани на глобално ниво на кој светските лидери усвојуваат политики и донесуваат одлуки поврзани со ублажување и приспособување на климатските промени.

Првиот советник во Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, г. Доминик Готиер, ги запозна пратениците со сè она што  го прави Франција во врска со климатските промени. Тој истакна дека 2015 година е многу важна за Франција, надевајќи се дека конференцијата во Париз ќе помогне да се отиде многу понапред, затоа што досега со мали чекори се напредувало со ефектот на стаклената градина.Париз има огромна јака визија да се обединат високо развиени земји, а, исто така, и помалку развиените земји кои биле жртва на големите, кои не знаеле да ги заштитат со ефектот на стаклената градина. Организацијата на оваа конференција е вистински предизвик да се обединат поголем број земји за конференцијата да доживее вистински успех.

Тој истакна дека од Самитот за климатски промени во Лима, Перу, очекуваат насоки за Самитот во Париз и дека има напредок во Лима, но сè уште претстои долг пат. 

На Самитот во Париз се очекува да се постигне договор со кој ќе се обврзат земјите за намалување на емисиите на CО2, а воедно и да се воспостави механизам за постигнување на целите. 

Една од побитните цели, која не е постигната, е намалување за 2% на глобалното затоплување  до крајот на овој век.

Секоја држава ќе мора да определи свои т.н. национални придонеси за намалување на климатските промени, како придонес кон светските напори.

Вклученоста на пратениците во процесот на подготовка е од клучно значење за развојот и успешноста на Република Македонија на Самитот во Париз.

Претседателот на Еколошкото здружение Гоу Грин, г. Антонио Јовановски, истакна дека во подготвителниот период за Самитот во Париз голема улога има и Владата и Собранието на Република Македонија. Во Лима се донесе драфт-рамка на кој начин секоја земја ќе придонесе за намалување на CО2, озон, метан. До март 2015 година треба да се изготви тој документ по широк консултативен процес со НВО секторот, јавни дебати и потоа да се поднесе до Владата.

Меѓу присутните се разви дискусија и за одразот на климатските промени во Република Македонија, меѓу кои проблемот со маглата и загадувачите.

Притоа беа едногласни за формирање на координативно тело (лоби група) и вклучување на пратениците во подготовките за Самитот во Париз, Франција.

Click