Активности

Четврток, 23 април 2015 година, Стразбур

Николоски претседаваше со пролетната сесија на ПС на Совет на Европа 

„Имам чест на мојот македонски јазик да ви посакам успешна работа", на овој начин г. Александар Николоски го започна претседавањето на пролетната сесија на ПС на Совет на Европа, најстарото и најголемо парламентарнпо собрание во Европа со 318 пратеници од 47 земји. Иако официјални јазици за претседавање се англиски и француски Николоски ја искористи можноста на македонски да ги поздрави пратениците.

Во јануари 2015 година, Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија, г. Александар Николоски беше избран за еден од потпретседателите на Парламентарното собрание за 2015 и 2016 година. Во текот на пролетната сесија на Парламентарното собрание, како што беше и предвидено, Шефот на Македонската делегација во функција на потпретседател претседаваше со сесијата на тема „Социјалните услуги во Европа“. 

На почетокот Николоски ја искористи можноста најпрво на македонски јазик да ја изрази големата чест и задоволство да претседава со најстарото парламентарно собрание креирано на европската почва, чијашто активност е фокусирана на прашања од тековна политичка важност, вклучувајќи ги и проблемите на модерното општество и аспекти на меѓународната политика. Местото потпретседател на Парламентарното собрание е извонредна можност за зголемена видливост во европски рамки и поголемо политичко влијание во решавањето на релевантни политички прашања.

Николоски е, исто така, член и на Бирото кое го сочинуваат претседателот, потпретседателите и шефовите на политичките групи во Парламентарното собрание. Бирото на Собранието го подготвува дневниот ред на сесиите на  Собранието, ги разгледува документите на комисиите, ги организира секојдневните активности, соработува со други меѓународни тела, дава согласност за одржување на седниците на комисиите и слично.

 видео запис 

Click