Активности

Петок, 24 април 2015 година

Отворен ден за посета на граѓаните на Собранието 

Денеска, во рамките на Отворениот ден, Собранието на Република Македонија го посетија 272 граѓани и ученици од основни и средни училишта. 

Посетителите ја разгледаа внатрешноста на зградата и имаа можност да се запознаат со нејзината историја, главните обележја и работата на Собранието. 

Отворениот ден претставуваше можност граѓаните да ја видат салата за пленарни седници, салите за работа на собраниските комисии, свечениот дел на Собранието, Спомен-собата, Охридската сала, како и познатата Сала Длаборез. 

Собранието на Република Македонија е отворено за посети секој последен петок во месецот, со пријавување на заинтересираните граѓани најдоцна пет работни дена пред посетата. 

Click