Активности

Четврток, 26 ноември 2015 година, Јахорина

Парламентарна Конференција на тема: "Работење на зајакнување на регионалната соработка во Западен Балкан: Постигнувања и Перспективи"

Делегација од Собранието на Република Македонија во состав: г. Марјанчо Николов, претседател на Комисијата за финансирање и буџет и пратениците: г. Драган Цуклев, г. Jaмин Синани и г. Ѓорѓи Коџабашиев учествуваат на дводневна регионална парламентарна Конференција на тема: "Работење на зајакнување на регионалната соработка во Западен Балкан: Постигнувања и Перспективи", што се одржува на 26 и 27 ноември 2015 година во Јахорина, Босна и Херцеговина.

На Конференцијата учесниците дискутираа за Извештаите од Европската комисија за 2015 година за земјите кандидати за членство во Европската унија и за земјите потенцијални кандидати, за инструментот за претпристапна помош 2014-2020, парламентарниот надзор за Буџетите, Берлинскиот агенда, заклучоците од Виенската конференција и друго.

Исто така на Конференцијата се дискутираше и за инфраструктурното поврзување во регионот, како главен фактор за економски развој и подобра поврзаност меѓу земјите во регионот. Во тој контекст беа истакнати и неколку регионални проекти, кои се идентификувани како приоритетни и за кои ќе бидат посветени дел од средствата кои се мобилизирани од ЕУ и меѓународните финансиски институции, а се однесуваат на енергетски и патни и железнички коридори во земјите од Западен Балкан.

Во рамки на Конференцијата, г. Марјано Николов, претставник на делегацијата од Собранието на Република Македонија учествуваше на панел дискусијата  за закајнување на контролата на Буџетите.

За време на Конференцијата, учесниците имаа можност да разменат мислења за актуелните случувања во регионот, развивање на политичка, културна и економска соработка помеѓу земјите од Западен Балкан што е од големо значењето за унапредува регионалната соработка






Click