Активности

Петок, 5 февруари 2016 година

Педесет и втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 52. седница одржана на 3 февруари 2016 година, како матично работно тело ги разгледа:

  1. Предлог измена и дополна на Водостопанска основа на Република Македонија за акумулација Јагмулар на река Брегалница;
  2. Годишна програма за работата на Агенцијата за пошти за 2016 година;
  3. Предлог - закон за скијалишта - I читање;
  4. Финансиски план на Македонската радио телевизија за 2016 година; 
  5. Предлог - закон за дополнување на Законот за градење - II читање;
  6. Предлог-закон за дополнување на Законот за градежно земјиште - II читање;
  7. Предлог Годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2016 година;
  8. Предлог Годишен финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2016 година;
  9. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за домување - I читање;
  10. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности - I читање;
  11. Предлог - закон за изменување на Законoт за интероперабилност во железничкиот систем - I читање;
  12. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законoт за внатрешната пловидба - I читање;
  13. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота - I читање;
  14. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законoт за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води - I читање;
  15. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законoт за железничкиот систем - I читање;
  16. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законoт за сигурност во железничкиот систем - I читање;
  17. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги - I читање;
  18. Предлог – закон за изменување и дополнување на Законoт за градежно земјиште - I читање;
  19. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги - I читање;
  20. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти - I читање;
  21. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за автокампови - I читање;
  22. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање - I читање;
  23. Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта - I читање;
  24. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење - I читање;
  25. Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај - I читање;
  26. Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај - I читање;
  27. Предлог – закон за изменување и дополнување на Законoт за воздухопловство - I читање.

На седницата на Комисијата, во образложенијата по Предлог-законите претставниците на Владата, ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

На крајот од расправата, Комисијата констатираше дека горенаведените Предлог-закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Исто така, Комисијата му предлага на Собранието на Република Македонија да донесе Одлуки за одобрување на Годишна програма за работата на Агенцијата за пошти за 2016 година; Финансиски план на Македонската радио телевизија за 2016 година; Предлог Годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2016 година; Предлог Годишен финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2016 година, како и Предлог измената и дополна на Водостопанската Основа на Република Македонија за акумулацијата Јагмулар на реката Брегалница  да ја проследи на натамошна постапка во Собранието.

Click