Активности

Петок, 26 септември 2014 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР НА СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА, Н.Е. КРИСТИНЕ Д. АЛТХАУЗЕР

Претседателот Вељаноски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Сојузната Република Германија, Н.Е. Кристине Д. Алтхаузер, при што беше искажано взаемо задоволство за остварената средба. 

На средбата стана збор за актуелните состојби како и за прашањата што ги поврзуваат двете земји. Беше спомената и „Меѓународната парламентарна стипендија“, програма на германскиот Бундестаг која е под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија, како долгогодишен проект.

Соговорници се согласија дека потенцијалот за соработка е евидентен и дека двете пријателски држави имаат взаемна желба за продолжување и унапредување на истата.

Click