Активности

Среда, 5 февруари 2014 година

Претседателот Вељаноски на средба со претставници на средствата за јавно информирање

Претседателот Вељаноски оствари средба со претставници на средствата за јавно информирање, на која ги информираше присутните за сработеното во Собранието на Република Македонија за 2013 година, за вкупно одржани пленарни седници, вкупно донесени закони и други акти, поднесени амандмани, одржани седници на работните тела, податоци за присутност на јавноста во работењето на Собранието, сите дел од содржината на Годишниот извештај за работата на Собранието на Република Македонија за 2013 година.

Претседателот Вељаноски ги информираше новинарите и за тековното работење на Собранието, за планираните седници во периодот кој следи.

На средбата, присутните беа запознаени и дека во насока на присутност на популарните социјални мрежи и подобро информирање на нивните корисниците со активностите на Собранието, од утре ќе бидат во функција официјални страни/профили на Собранието на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.

За почеток е предвидено профилите да бидат администрирани од вработени во Одделението за информирање, а за краток период истите ќе бидат поврзани со електронскиот систем е-Парламент и со собраниската веб-страница што ќе овозможи автоматизирано објавување на информациите и содржините. 

Содржините што им се достапни на посетителите на веб-страницата на Собранието, ќе им бидат подостапни на корисниците на социјалните мрежи, дневните редови на седниците на Собранието, на работните тела, меѓународни и други активности на пратениците и службата на Собранието.

 

 

Click