Активности

Среда, 17 септември 2014 година

Средба на потпретседателот Милошоски со Бриселска делегација

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Антонијо Милошоски, оствари средба со Делегација на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија, Оддел за Западен Балкан, предводена од г. Дејвид Кулен.

Посетата на Делегацијата се реализира непосредно пред објавувањето на новиот извештај за напредокот на Република Македонија, најавено за 8 октомври. Во тој контекст, потпретседателот на Македонското собрание изрази надеж дека новиот еврокомесар за проширување на ЕУ, г. Јоханес Хан, ќе се залага за нашата земја.

Господин Милошоски ја запозна Делегацијата од Брисел со актуелните случувања во Парламентот и во земјата воопшто. Притоа, беше спомнато неприсуството на опозицијата во Собранието, како и инцидентот меѓу ДУИ и ДПА, со желба за што поскоро нивно надминување и надеж дека ваквите околности нема да влијаат на добивањето на уште еден позитивен извештај.

Исто така, во фокусот на дискусијата беше и Предлог-одлуката за измена на Уставот на Република Македонија во повеќе области, а стана збор и за ИПА фондовите.

Во целина, средбата претставуваше можност за директно информирање на тимот експерти за постигнувањата и актуелностите во нашата земја и продлабочување на соработката со Еврокомисијата.

Click