Активности

Понеделник, 15 септември 2014 година

Средба на претседателот Вељаноски со првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Република Србија, г. Ивица Дачиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Република Србија, г. Ивица Дачиќ. 

На почетокот на средбата, претседателот Вељаноски го искажа своето задоволство од средбата, при што изрази поздрави, како од свое име, така и од името на пратениците на Собранието на Република Македонија.

На средбата се разговараше за актуалните случувања, како во регионот, така и во светски рамки. Двајцата соговорници разговараа и за моменталните случувања во двете земји.

Претседателот Вељаноски и министерот Дачиќ искажаа желба за поскоро интегрирање на двете земји во Европската унија, при што разговараа за предизвиците со кои се соочуваат државите на тој пат. Исто така, двајцата соговорници ги потенцираа добрите пријателски односи помеѓу двете држави и меѓусебната поддршка. Како позитивни примери за пријателството на земјите, беа потенцирани заедничката седница на двете Влади и Спогодбата за условите за патување на државјаните на двете земји.

На средбата се разговараше и за економската соработка помеѓу двете земји, која е добра, меѓутоа секогаш постои можност за подобрување.

Средбата беше завршена со изразена отвореност и подготвеност за регионална соработка и напредување, како и продолжување на пријателството кое постои помеѓу Република Македонија и Република Србија.

Click