Активности

Петок, 5 декември 2014 година

Средба на претседателот Вељаноски со известувачот на Европскиот парламент за Република Македониja, г. Иво Вајгл

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со новоименуваниот известувач на Европскиот парламент за Република Македонија, г. Иво Вајгл. 

Притоа, беше изразено двострано задоволство за остварената средба, како и надеж за добра понатамошна соработка.

Претседателот Вељаноски го искажа своето убедување во добрата намера на европските институции поради досегашната голема поддршка во зајакнувањето на законодавниот дом, односно во двостраната соработка и цел за подобрување во сите сфери на работењето, а како потврда на тоа е шестиот по ред Извештај со позитивна препорака за отпочнување на преговорите. 

Исто така, претседателот Вељаноски го запозна известувачот со моменталната состојба во Република Македонија и Собранието. Притоа, тој истакна дека сите политички субјекти се одговорни за остварувањето на парламентарната демократија и во таа смисла укажа дека моменталниот бојкот на опозицијата има негативно влијание врз работата на Собранието, врз целокупиот впечаток со кој се стекнува јавноста и меѓународната заедница. 

Господинот Вељаноски укажа и дека тој како претседател ги употребува сите механизми кои му ги овозможуваат Деловникот и Уставот на Република Македонија за да овозможи дијалог помеѓу политичките партии и е цврсто убеден дека само институционалниот дијалог носи допринос за државата.

Ивестувачот Вајгл укажа на неговата поддршка и искрен пријателски однос кон Република Македонија. Тој истакна дека поддржува политички дијалог остварен преку институциите, пред сè преку Собранието на Република Македонија. Исто така, додаде дека целосното функционирање на Собранието придонесува за градење на позитивна слика за државата, како и на европските интеграции. 

Ивестувачот Вајгл укажа на одговорноста која ја носат политичките субјекти, а која ја добиваат на изборите од сите граѓани, дека истата треба да биде реализирана преку институциите, во овој случај преку Собранието. 

Тој искажа поддршка за совладување на сите предизвици кон европското интегрирање на Република Македонија. 

Click