Активности

Вторник, 29 јули 2014 година

Tрета седница на Комисијата за економски прашања          

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Tрета седница, како матично работно тело, во второ читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица.

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Љупчо Димовски, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи. 

Комисијата за економски прашања го проследи Предлог-законот на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click