Активности

Вторник, 24 февруари 2015 година

Триесет и шеста седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 36. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција - II читање;
  2. Предлог-законот за изменување на Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис - II читање;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа - II читање;
  4. Предлог-законот за изменување на Законот за денационализација - II читање;
  5. Предлог-законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација - II читање;
  6. Предлог-законот за изменување на Законот за начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија - II читање;
  7. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа - I читање.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, по Предлог-закон,от за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција, Предлог-законот за изменување на Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис,  Предлог-законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација и Предлог-законот за изменување на Законот за начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија, не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа, беше поднесен еднен амандман од овластените предлагачи кој Комисијата со девет гласа „против“ не го усвои.

Во однос на Предлог-законот за изменување на Законот за денационализација беше поднесен и усвоен еден амандман.

Воведно образложение по поднесениот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа, даде заменикот на министерот за финансии, г. Ардиан Џељадини.

Тој истакна дека со предложените измени и дополнувања на Законот за Царинската тарифа се врши натамошно усогласување на нормативниот дел на овој закон со Регулативата на Советот за тарифна и статистичка номенклатура и Општа Царинска тарифа, односно се исполнува обврската за транспонирање на националното законодавство, утврдена во Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, како земја-кандидат, а воедно се обезбедува и правна основа за еднообразна примена на Царинската тарифа.

Во претресот учествуваше пратеникот Лилјана Кузмановска.

На крајот од расправата, Комисијата ги проследи горенаведените Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието.

Click