Активности

Понеделник, 18 мај 2015 година, Будимпешта

Учество на претседателот Вељаноски на Пролетната сесија на ПС НАТО

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска учествуваше на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Будимпешта, Унгарија.

По завршувањето на парламентарната сесија, претседателот Вељаноски оствари средба со претседателот на Парламентот на Црна Гора, г. Ранко Кривокапиќ, претседателот на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, г. Сефик Џаферовиќ и претседателот на Парламентот на Грузија, г. Давид Усупашвили.

Четворицата спикери искажаа задоволство од можноста да разговараат и да разменат мислења за актуелните предизвици со кои се соочува секоја од државите на патот на интеграцијата во НАТО aлијансата. Се согласија дека Алијансата треба да преземе поконкретни чекори за да помогне на земјите аспиранти за членство во решавање на проблемите кои се пречка на патот. 

Соговорниците изразија отвореност и подготвеност и понатаму да си помагаат меѓусебно со безрезервна поддршка. Исто така, го нагласија значењето на парламентарната соработка во процесите на интеграција и изразија задоволство од досегашната регионална соработка.

Претседателот Вељаноски се сретна и со домаќинот на Пролетната сесија, претседателот на Парламентот на Унгарија, г. Ласло Ковер. На средбата беше потенцирана досегашната успешна парламентарна соработка и големото пријателство меѓу двете земји.

Click