Активности

Четврток, 11 септември 2014 година, Осло

Вељаноски на Европска конференција на претседатели на парламенти 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска присуствуваше на отворањето на Европската конференцијата на претседатели на парламенти во Осло, Норвешка. Конференцијата ја отворија претседателот на норвешкиот Стортинг, г. Олемик Томесен и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г-ѓа Ан Брасер. Воведно обраќање имаа и генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торбјорн Јагланд и министерот за прашања од ЕУ, г. Видар Хелегесен.

Во продолжение на Конференцијата, претседателот Вељаноски се обрати на првата сесија: „Основни уставни права и слободи - учество, доверба и јавна дебата како услови за демократија“.

Во рамките на Конференцијата, претседателот Вељаноски оствари и билатерални средби со свои колеги, претседатели на парламентите кои учествуваат на Европската конференција.

Click