Активности

Вторник, 31 март 2015 година

Учество на 88. Рос-Рот семинар во Белград

Од денеска до втори април, во Парламентот на Република Србија се одржува 88. Рос-Рот семинар во организација на ПС на НАТО и Парламентот на Република Србија.

На семинарот на тема: „Србија, Западен Балкан и евроатлантската заедница“ учествуваат делегации од 13 земји-членки на НАТО, 9 од придружни членки на ПС на НАТО, регионални партнери, набљудувачи и невладини организации.

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО ја предводи Емил Димитриев, а во нејзин состав е и Павле Трајанов.
На отворањето на семинарот, на присутните им се обратија потпретседателот и министер за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, потпретседателот на Парламентот на Република Србија, Игор Бечиќ, потпретседателот на ПС на НАТО, Паоло Али и други официјални лица.

Во текот на семинарот ќе се дискутира за Западниот Балкан и евроатлантската интеграција, за регионалната соработка, за прашањето на странските борци на Средниот Исток и во Северна Африка како заеднички предизвик, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и други теми.

Click