ЕУ вести

Четврток, 2 октомври 2014 година

Јенс Столтенберг - нов генерален секретар на НАТО

Поранешниот норвешки премиер и лидер на Лабуристичката партија на Норвешка, г. Јенс Столтенберг, е назначен за 13. генерален секретар на НАТО, како наследник на г. Андерс Фог Расмусен.

Како топ приоритети на идниот прв човек на Северноатланската алијанса се наведуваат политички и воено силно НАТО, стабилно соседство и силна врска меѓу Европа и Северна Америка. 

Господинот Столтенберг истакна дека најголемата воено-политичка организација ќе продолжи да ги почитува своите принципи на кои почива безбедноста и заедно со своите партнери посветено ќе работи за стабилност во светот.  

Click