ЕУ вести

Среда, 8 октомври 2014 година

Македонија го очекува годишниот извештај за напредокот

Денеска, на пладне, во Европскиот парламент во Брисел, еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, ќе го објави годишниот извештај за напредокот на Република Македонија. 

Нашата земја досега петпати од страна на Европската комисија добиваше позитивен извештај и препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Покрај за Македонија, еврокомесарот Филе, исто така, ќе ги објави и извештаите за напредокот и на другите земји-кандидати за влез во големото европско семејство.

Click