Собраниско раководство

Четврток, 31 декември 2015 година

Новогодишно обраќање на претседателот Вељаноски пред собраниската служба

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, традиционално им се обрати на вработените во службата на Собранието на Република Македонија за да им ги честита претстојните празници и да им посака годината што доаѓа да им донесе многу среќа, здравје и успех.

Претседателот Вељаноски ѝ се заблагодари на својата служба за успешната работа во годината која што завршува и ја истакна нејзината важна улога во целокупната работа на Собранието.

На последниот ден од оваа година, претседателот Вељаноски уште еднаш посака среќна и бериќетна Нова 2016 година.

Click