Собраниско раководство

Среда, 14 октомври 2015 година

Прва средба на претседателот Вељаноски со новоименуваниот амбасадор на Босна и Херцеговина во Македонија, Н.Е. Лепа Бабиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари прва средба со новоименуваниот амбасадор на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Н.Е. Лепа Бабиќ.

Претседателот Вељаноски ѝ посака добредојде и успешна работа на г-ѓа Бабиќ.

Двајцата соговорници разговараа за актуелните состојби во двете пријателски држави. Посебно внимание беше посветено на темата за економска соработка, за која се согласија дека е од особена важност да се развива поинтензивно и да се постигне ново повисоко ниво. Исто така, се разговараше и за актуелната состојба со мигрантите кои транзитираат низ регионот.

Госпоѓа Лепа Бабиќ истакна дека го следеле позитивното искуство на Република Македонија во однос на чекорите кон НАТО и евроинтеграцискиот процес, со оглед на тоа дека и Босна и Херцеговина се стреми кон истите цели.

На средбата се разговараше за развивање и интензивирање на парламентарната соработка, како на високо ниво, така и ниво на парламентарни групи за соработка.

Click