Собраниско раководство

Четврток, 10 септември 2015 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО НИНА СУОМАЛАИНЕН, ШЕФ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На почетокот соговорниците изразија задоволство од средбата, која претставува одлична можност да се разменат мислења и ставови што се од големо значење за Собранието на Република Македонија и воопшто за државата.

На средбата се разговараше за актуелните случувања во Република Македонија, особено на политички план, каде беше поздравено повторното отпочнување на политичкиот дијалог и постепеното разрешување на проблемите кои настанаа со политичката криза. На средбата, исто така, се отворија и повеќе пршањата околу изборните модели и спроведувањето на изборите идната година. Од страна на г-ѓа Суомалаинен беше кажано дека ОБСЕ стои на располагање по однос на сите барања кои ги има Република Македонија за реформите и демократското спроведување на изборите.

Давајцата соговорници разговараа и за Етичкиот кодекс кој е потребно да го донесе Собранието на Република Македонија како дел од реформите, а за кој е потребна согласност од сите пратенички групи.

Претседателот Вељаноски истакна дека на Република Македонија и се најважни двата стратешки приоритети, односно што поскоро отпочнување на пристапните преговори за влез во Европката унија и полноправното членство во НАТО.

Соговорниците разговараа и за актуелната состојба со бегалците од Блискиот Исток, каде Република Македонија се наоѓа како транзитна држава. Претседателот Вељаноски истакна дека Македонија ги почитува сите стандарди и прописи кои се пропишани од Европската унија за овие кризни состојби, но треба поголем ангажман од сите релевантни меѓународни организации за успешно справување со оваа состојба и помалку штета по однос на бегалците.

На крајот, претседателот Вељаноски ја потенцираше отвореноста на Собранието на Република Македонија за соработка и континуирана комуникација со Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија. 

Click