Соопштенија

Понеделник, 24 август 2015 година

Доделување на државната награда „Мајка Тереза“

На 26 август 2015 година (среда), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 14.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели наградата „Мајка Тереза“ за 2015 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Државната награда „Мајка Тереза“, за особено значајни остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, се доделува на Сузана Тунева-Пауновска и доц. д-р Буниамин Мемеди. 

Click