Соопштенија

Вторник, 20 декември 2016 година

Доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

На 21 декември 2016 година (среда), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ ќе ја додели наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2016 година за остварување во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија.

Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварување во областа на публицистиката му се доделува на Аљуш Камбери, публицист; а за остварување во областа на новинарството на Тони Димков, новинар.