Соопштенија

Петок, 3 февруари 2017 година

Положување свежо цвеќе 

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав г. Драган Данев, г. Петар Атанасов и г-ѓа Владанка Авировиќ, по повод 145-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, на 4 февруари (утре) ќе положи венец свежо цвеќе.

Делегацијата во 11.00 часот ќе положи венец свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“, а во 12.00 часот пред споменикот на Гоце Делчев, плоштад Македонија.