Соопштенија

Понеделник, 19 јуни 2017 година

Учество на претседателот Џафери на Осмиот парламентарен безбедносен форум во Рига

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, на покана на американскиот конгресмен, г. Роберт Питинџер и Парламентот на Република Латвија, денеска ќе учествува на Осмиот парламентарен безбедносен форум во Рига, Република Латвија.

Во рамките на Безбедносниот форум, претседателот Џафери ќе се обрати пред присутните на тема: „Непријателска употреба на информацијата и компјутерска безбедност".

Исто така, за време на Осмиот парламентарен безбедносен форум, предвидено е претседателот Џафери да оствари билатерални средби со организаторот и со домаќинот, г-ѓа Инара Мурниеце, спикер на Парламентот на Латвија.

Click