Соопштенија

Четврток, 25 септември 2014 година

Учество на Состанок на претседатели на комисиите за надворешна политика

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика, г. Антонијо Милошоски, ќе учествува на Состанокот на претседатели на комисиите за надворешна политика на земјите од Југоисточна Европа, којшто од 25 до 26 септември 2014 година ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска.

На состанокот, чијашто цел е интензивирање на парламентарната соработка и унапредување на регионалниот дијалог, ќе стане збор за механизмите за унапредување на економската соработка, како и за европските предизвици на земјите од Југоисточна Европа.

Click