Соопштенија

Петок, 11 ноември 2016 година

Положување венци свежо цвеќе 

По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Град Скопје, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г-ѓа Марија Алексовска, г-ѓа Билјана Ивановска и г. Арсо Синадинов, на 13 ноември 2016 година (недела), ќе положи венци свежо цвеќе на: 

повеќе...

Петок, 21 октомври 2016 година

Положување венец свежо цвеќе 

По повод 23 Октомври - Ден на Македонската револуционерна борба, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Жарко Денковски, генерален секретар на Собранието на Република Македонија, г. Весел Весељи, државен советник и г-ѓа Ѓилсер Клинче, државен советник, на 23.10.2016 година (недела), во 11.00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на Споменикот на основачите на ВМРО во Парк „Жена борец“.

повеќе...

Петок, 21 октомври 2016 година

Доделување на државната награда „23 Октомври“

На 23 октомври 2016 година (недела), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ ќе ја додели државната награда „23 Октомври“ за 2016 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.

повеќе...

Понеделник, 10 октомври 2016 година

Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври 

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, делегации на Собранието на Република Македонија, на 11.10.2016 година (вторник), ќе положат свежо цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово.

повеќе...

Понеделник, 10 октомври 2016 година

Собраниска делегација на Есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Александар Николоски, шеф, Рената Дескоска, член, Владимир Ѓорчев и Имер Алиу, заменици-членови, ќе учествува на редовната есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која ќе се одржи од 10 до 14 октомври 2016 година во Стразбур, Франција.

повеќе...

Петок, 7 октомври 2016 година

Доделување на државната награда „11 Октомври“

На 11 октомври 2016 година (вторник), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2016 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

повеќе...

Петок, 23 септември 2016 година

Николоски прв македонски пратеник предводник на мисија на ПССЕ за набљудување на избори или референдум

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Александар Николоски, во име на ова меѓународно собрание, ќе ја предводи Адхок комисијата за набљудување на референдумот за уставните измени во Азербејџан, закажан за 26 септември 2016 година. Ова е првпат пратеник од Македонското собрание да биде избран да предводи мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на избори или референдум. 

повеќе...

Четврток, 15 септември 2016 година

Делегација на Комисијата за европски прашања во Белград

Делегација на Комисијата за европски прашања  на Собранието на Република Македонија, во состав Лидија Димова и Сашо Василевски на 16 септември ќе учествува  на Интерпарламентарна конференција на тема: „Надзор над ИПА фондовите: Успеси и предизвици", која ќе се одржи од 15 до 17 септември 2016 година во Белград, Република Србија.

повеќе...

Среда, 7 септември 2016 година

Собраниска делегација на Регионална конференција во Белград

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Марјанчо Николов, претседател на Комисијата за финансирање и буџет, г. Љупчо Димовски, претседател на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ, заменик на претседателот на Комисијата за економски прашања и г. Талат Џафери член на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија ќе учествува на Регионална конференција на тема: „Зајакнување на регионалната соработка помеѓу парламентите од Западен Балкан со цел подобрување на менаџирањето со јавните финансии". 

повеќе...

Среда, 7 септември 2016 година

Надзорна расправа на тема „Примената на законските и подзаконските прописи во областа на хидромелиоративните системи и хидрометеоролошките работи“

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на 53. седница, ќе одржи надзорна расправа на тема „Примената на законските и подзаконските прописи во областа на хидромелиоративните системи и хидрометеоролошките работи“.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 16
  •