Собраниско раководство

Четврток, 27 септември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со г. Кадри Весели

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска се сретна со г. Кадри Весели, претседател на Собранието на Република Косово, кој престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија. 

Двајцата соговорници се согласија дека Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција е најпозитивен настан кој во последно време се има случено во Регионот. 

Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Џафери, истакна дека Договорот беше неминовност за иднината на Македонија и стабилноста на целиот Регион. Тој ги поддржа разговорите меѓу Приштина и Белград за постигнување конечен договор.

Претседател на Собранието на Република Косово, г. Весели, потенцираше дека пораките на меѓународните претставници за Република Македонија, а во контекст на поддршка на Договорот со Република Грција, се мошне значајни и добредојдени. За него тоа претставува поттик и за интеграцискиот процес на Република Косово.

Click