Собраниско раководство

Петок, 23 јуни 2017 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА КРАЛСТВОТО НОРВЕШКА, Г. БОРГЕ БРЕНДЕ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, г. Борге Бренде, кој престојува во еднодневна посета на Република Македонија. 

На средбата беа присутни и г-ѓа Соња Мираковска, заменик-координатор на СДСМ и коалицијата; г. Ејуп Аљими, координатор на ДУИ и г. Африм Гаши, координатор на БЕСА. 

Претседателот Џафери изрази благодарност за помошта и поддршката што Норвешка,  како влијателен член на НАТО, ѝ ја дава на Република Македонија во процесот на евроатланската интеграција и истакна дека ќе се залага за поинтензивна парламентарна соработка меѓу двете држави. 

Министерот, честитајќи му го изборот на функцијата на претседателот Џафери, ја нагласи подготвеноста за продолжување на блиското партнерство меѓу Република Македонија и Норвешка, за споделување искуства, и ја повтори поддршката кон реформските процеси кои треба да доведат до приближување на државата до Европската Унија и НАТО.

Click