Собраниско раководство

Понеделник, 29 октомври 2018 година

Средба на претседателот Џафери со новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Н.Е. Бојциех Тицињски

Денеска, претседателот на Собранието на  Република Македонија, г. Талат Џафери, го прими новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Н.Е. Бојциех Тицињски.

Претседателот Џафери, изрази уверување дека и во текот на неговиот мандат ќе продолжи плодната соработка исто како и со неговиот претходник, во правец на зацврстување на парламентарните и севкупните односи меѓу двете земји. Претседателот на Собранието на Република Македонија се заблагодари на поддршката на Република Полска за евро - атлантската интеграција, очекувајќи и практична поддршка во текот на преговарачкиот процес на нашата земја со ЕУ, имајќи го предвид искуството на Република Полска, се со цел преговарачкиот процес да донесе позитивни придобивки за Република Македонија.

Амбасадорот Тицињски ја потврди поддршката на Република Полска и рече дека приоритет во неговиот мандат ќе биде динамизирањето на контактите меѓу бизнисмените на двете земји и понатамошниот развој на економските односи, имајќи предвид дека трговската размена во текот на 2017 година меѓу Република Полска и Република Македонија се зголемила за 70%.

Click