Предновогодишно дружење на претседателот Џафери со претстав...

Вторник, 25 декември 2018 година

Предновогодишно дружење на претседателот Џафери со претставниците на медиумите

Денеска претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери организираше малку поинакво, предновогодишно дружење со претставниците на медиумите. Дружењето го започна со тоа што им ја честиташе Новата 2019-та година на сите пратеници и на сите граѓани, посакувајќи им сè најубаво и исполнување на сите очекувања на личен, семеен и државен план.

Прочитај повеќе

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Собранието на Репуб...

Среда, 19 декември 2018 година

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Собранието на Република Македонија и ОБСЕ

Денес, во Собранието на Република Македонија, претставено од претседателот на Собранието, г. Талат Џафери и Организацијата за безбедност и соработка во Европа, претставено од шефот на Мисијата, амбасадорот Клеменс Која, се потпиша Меморандум за разбирање, за спроведување на заеднички активности во периодот од 2018-та до 31-ви декември 2021-ва година. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со заменикот државен секрета...

Вторник, 18 декември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со заменикот државен секретар на Соединетите Американски Држави, г. Џон Ј. Саливан

Денес, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери оствари средба со г. Џон Ј. Саливан, заменик државен секретар на САД.

На средбата, претседателот Џафери изрази благодарност до САД како стратешки партнер на нашата земја, за континуираната поддршка што ја дава не само на Република Македонија туку и на целиот регион. Тој го запозна високиот гостин со тековните активности во законодавниот дом во однос на усвојувањето на предлог уставните амандмани, како фаза од имплементирањето на Преспанскиот договор, со очекување дека процесот ќе се заокружи до крајот на првата половина на месец јануари 2019 година. 

Прочитај повеќе

Средба на г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Реп...

Вторник, 18 декември 2018 година

Средба на г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија со г. Џеорџе Чиамба, министер делегиран за европски прашања во Владата на Романија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денес оствари средба г. Џеорџе Чиамба, министер делегиран за европски прашања во Владата на Романија, кој престојува во официјална посета на Република Македонија по повод преземањето на претседавањето со Советот на Европската унија од јануари идната година. 

Прочитај повеќе

Свечена изјава на членовите на Судскиот совет на Македонија...

Вторник, 18 декември 2018 година

Свечена изјава на членовите на Судскиот совет на Македонија

Членовите на Судскиот совет на Република Македонија: Киро Здравев, Гордана Спиревска, Зоран Теофиловски, Лорета Горгиева и Мирсад Суроји денеска дадоа свеченa изјавa пред претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ КУЛОГЛУ И ...

Понеделник, 17 декември 2018 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ КУЛОГЛУ И ДОБИТНИЧКАТА НА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР ЗА 2015 ГОДИНА, БУШАМАУИ

Претседателот Џафери ја поздрави причината и целта на нивната посета, кои се остваруваат во вистински момент кога во Собранието на Република Македонија се во тек активностите за заокружување на започнатите процеси за евроатланска интеграција на земјата, а тоа е - номинацијата на премиерите Заев и Цирпас за Нобелова награда за мир.
Прочитај повеќе

Претседателот Грамоз Ручи во официјална посета на Република...

Понеделник, 10 декември 2018 година

Претседателот Грамоз Ручи во официјална посета на Република Македонија

На покана од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, Делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Албанија, г. Грамоз Ручи, е во официјална посета на Република Македонија. Претседателот на Собранието, г. Ручи, беше дочекан со високи државни почести, а првата средба на оваа официјална посета се оствари со домаќинот, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Делегација од Германскиот...

Четвтрок, 6 декември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со Делегација од Германскиот Бундестаг 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, заедно со генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, г-ѓата Цветанка Иванова, денеска остварија средба со членовите на Комисијата од Бундестагот на Сојузна Република Германија за избор на стипендисти од Република Македонија за ИПС програмата. На средбата присуствуваа германскиот пратеник, г. Штефан Албани и членовите на комисијата д-р Андеас Трампе од администрацијата на Бундестагот, како и проф. д-р Елмар Кулке, Декан на Хумболт Универзитетот во Берлин.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со европратениците Дејвид Ме...

Среда, 5 декември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со европратениците Дејвид Мекалистер и Кнут Флекенштајн

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, заедно со потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи, денеска оствари средба со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, г. Дејвид Мекалистер и европратеникот Кнут Флекенштајн.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со медиумите...

Петок, 30 ноември 2018 година

Неформална средба на претседателот Џафери со претставниците на медиумите

На денешната редовна средба со претставниците на средствата за јавно информирање, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, информираше дека од утре почнува собраниската дебата за текстот на нацрт уставните амандмани.

Прочитај повеќе
1...181920...40                                         
Click