Соопштенија

Петок, 18 јануари 2019 година

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БУКУРЕШТ

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во состав: Јагода Шахпанска, Агим Шаќири и Жаклина Пешевска, ќе учествува на Конференцијата на претседатели на Комисиите за европски прашања на земјите членки на Европската Унија (КОСАК), што ќе се одржи од 20 до 21 јануари 2019 година во Букурешт, Република Романија.

На Конференција, свои воведни обраќања ќе имаат претседателот на Романскиот сенат, Калин Попеску Таричану, како и претседателот на Претставничкиот дом, Ливију Драгнеа.

Се очекува дебата за реализацијата на приоритетите на Романското претседателство со Советот на Европксата Унија, за предизвиците и можностите на Европската Унија во 2019 година, како и за поголема кохезија и конвергенција преку инструментот на Мултилатералната финансиска рамка.

Click