Соопштенија

Понеделник, 9 октомври 2017 година

Доделување на државната награда „11 Октомври“

На 11 октомври 2017 година (среда), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2017 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста му се  доделува на г. Влатко Стефановски, музички уметник, а наградата за животно дело во областа на науката и образованието му се доделува на проф. д-р Амет Шериф, историчар.