Соопштенија

Среда, 10 октомври 2018 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК 11 ОКТОМВРИ 

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, пратеници од Собранието на Република Македонија, на 11.10.2018 година (четврток), ќе положат свежо цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово, и тоа:

  • Пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Невенка Стаменковска, во 9:00 часот, ќе положат свежо цвеќе на Споменикот на ослободителите на Скопје, пред Владата на Република Македонија;
  • Пратениците Кети Смилевска и Димитар Стевананџија, во 8:30 часот, во Прилеп, ќе положат свежо цвеќе на:

Споменикот на Методија Андонов-Ченто;
Споменикот на Кузман Јосифовски-Питу;
Споменикот Жена борец;
Могилата на непобедените;

  • Пратениците Лидија Тасевска, Мирослав Јовановиќ и Иван Стоилковиќ во 11:00 часот, ќе положат свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

 

Click