Соопштенија

Понеделник, 22 јануари 2018 година

Пратеникот Груби на Конференција во Софија

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, од 20 до 22 јануари 2018 година, ќе учествува на Конференција на претседателите на Комисиите за европски прашања на земјите членки и земји кандидати на Европската унија-КОСАК, во Софија, Република Бугарија.

Посетата на г. Груби на Софија и неговото учество на оваа Конференција е прва официјална посета на функционер од Република Македонија од преземањето на претседателството на Бугарија со Европската унија.
На КОСАК-конференцијата ќе стане збор за Програмата и приоритетите на бугарското претседателство со Европската унија во првата половина од 2018 година, за што свое обраќање ќе има министерката за бугарското претседателство со Советот на ЕУ, г-ѓа Лилјана Павлова. Во рамките на Конференцијата е предвидена и сесија на која ќе се расправа за иднината на Европската унија од аспект на глобалната улога на ЕУ.

На конференцијата, г. Груби ќе има свое обраќање пред високиот форум на претставници од сите национални парламенти на Европската унија каде што ќе говори за високиот приоритет на бугарското претседателство, посветен на  европската перспектива и поврзаност на Западниот Балкан во ЕУ.

За време на конференцијата, Груби ќе оствари средби со своите колеги од парламентите на земјите кои се членки на Унијата, а ќе се сретне и со колегите од регионот. 

Click