Соопштенија

Четврток, 12 септември 2019 година

Службена посета на КПУ Затвор Скопје

Во рамките на своите надлежности, Работната група на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Северна Македонијa, во состав Фадил Зендели, Мирсада Емини-Асани, Трајчо Димков, Панчо Минов и Слаѓана Митовска, на 13 септември 2019 година (петок), ќе оствари службена посета на КПУ Затвор Скопје - Скопје. 

Во придружба на групата ќе биде директорот на Управата за извршување на санкциите, Јовица Стојановиќ, како и претставник од НДИ и од Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ. 

Оваа Работна група е основана поради забелешките во Извештајот на Европската комисија за состојбата во затворите во Република Северна Македонија, како и забелешките на пошироката јавност. Групата има за цел согледување на состојбите во кои се наоѓаат овие установи и предизвиците со кои се соочуваат, а во насока на подобрување на истите.

Click