Соопштенија

Петок, 20 април 2018 година 

Собраниска делегација на студиска посета на Државниот завод за ревизија и Парламентот на Република Хрватска

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Лилјана Кузмановска и  членовите на Комисијата: г. Реџаиљ Исмаили и г. Диме Велковски, од 23 до 26 април 2018 година, ќе присуствуваат на студиска посета во Загреб, Република Хрватска. 

Студиската посета е во рамки на Твининг проектот на ЕУ-ИПА „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија“. 

Во рамките на една од компонентите на овој Проект, предвидено е зајакнување на капацитетите и соработката на Државниот завод за ревизија со Собранието на Република Македонија, што е под особен мониторинг на Европската Унија и се однесува на анализата на фактичката состојба на разгледување на ревизорските извештаи од страна на Собранието, компаративна анализа на механизмите на разгледување на ревизорските извештаи во парламентите на земјите членки на Европската Унија и подготвување на препораки за зајакнување на интерните процедури, односно механизми во Собранието, согласно најдобрите пракси од ЕУ.     

Целта на студиската посета е пратениците да се запознаат со соработката помеѓу Државниот завод за ревизија и Парламентот на Република Хрватска, соработката помеѓу Комисијата за финансирање и буџет и Државниот завод за ревизија на Република Хрватска и начинот на разгледување на ревизорските извештаи.  

Click