Соопштенија

Петок, 16 ноември 2018 година

Учество на Комисијата за култура на меѓупарламентарен комисиски состанок во Европскиот парламент

На покана од Европскиот парламент, претседателката на собраниската Комисија за култура, Ирена Стефоска, ќе учествува на меѓупарламентарен комисиски состанок на тема „Европско културно наследство“ што ќе се одржи на 19 и 20 ноември во Европскиот парламент во Брисел, Кралство Белгија.

2018. година е прогласена за Европска година на културното наследство и по тој повод Комисијата за култура и едукација при Европскиот парламент ги повикува националните парламенти на земјите-членки и земјите-кандидати на Европската унија да земат учество на заеднички меѓупарламентарен комисиски состанок. Претставниците на националните парламенти ќе имаат можност за заедничка дискусија во насока на понатамошно унапредување на културното наследство на европско и национално ниво. 

Програмата ќе се одвива во три работни сесии на тема: „Култура и идентитет“, „Заштита, конзервација и реставрација на културното наследство“ и „Културното наследство и образованието“, при што со пленарна сесија ќе се заклучи дводневната работа на меѓупарламентарниот комисиски состанок.

Click