Соопштенија

Петок, 1 декември 2017 година

Учество на пратеникот Мемеди на Меѓупарламентарна конференција

Заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања г. Весел Мемеди, од 3 до 6 декември 2017 година, ќе учествува на  Меѓупарламентарна конференција на тема: „ЕУ и партнерите - Прифаќање на разновидноста за посилно заедништво", која ќе се одржи во Тбилиси, Република Грузија.

На интерпарламентарната конференција, според агендата, предвидена е расправа за значајни и актуелни прашања како: зашто Европа е важна, Европа во глобален контекст, начини за зајакнување на Европската унија, Западен Балкан, трансатлантски односи, односите со Русија, управување со очекувањата на граѓаните и спречување на антизападната пропаганда и други ЕУ актуелни прашања.

Click