Активности

Петок, 5 јули 2019 година

ЧЕСТИТКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА ВЕНЕЦУЕЛА - 5 ЈУЛИ

Дозволете ми да изразам срдечни честитки за Националниот празник на независноста на Боливарската Република Венецуела, денот на кој се слави годишнината од донесувањето на Декларацијата за независност од 1811 година, со што земјата стана првата шпанска колонија во Јужна Америка која прогласи независност.

Нашите две пријателски држави ги поврзува копнежот и стремежот за самостојни и независни држави, засновани на демократски принципи и слободен живот на граѓаните. Легитимитетот на граѓанскиот концепт модерните демократски држави го базираат на суверенитетот на народот, владеењето на правото, правдата, човековите права и слободи и демократијата. Парламентите се дом на граѓаните и душа на државноста. Парламентите се чувари на човековите права и граѓанските слободи, се грижат за нивното почитување и во сите предизвици и можни политички превирања, тие се столбовите на народната власт.

Република Северна Македонија и нејзиното Собрание, и јас како негов претседател, даваме силна поддршка на процесите на демократизација на венецуелското општество, бидејќи само слободно изразената граѓанска волја и демократски избраните државни институции можат да го водат напред секој поединец и секоја држава во целина. Во таа насока, во свое лично име упатувам искрени честитки за овој голем национален празник, но и отворена поддршка на реформските процеси во Венецуела, со верба дека демократскиот капацитет на овој силен народ и неговите лидери ќе остават трајни цивилизациски вредности во светската политика.  

Click