Активности

Понеделник, 4 февруари 2019 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 19. седница, како матично работно тело во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, поднесен од пратениците: Ристе Ташев, Татјана Прентовиќ, Панчо Минов, Бетиан Китев, Бранко Маноиловски, Весна Пемова, Павлинче Честојнова и Диме Велковски. 

Претседавачот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Панчо Минов, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, нема поднесено амандмани по Предлог-законот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците: Ристе Ташев, Панчо Минов, Павлинче Честојнова, Диме Велковски, Весна Пемова и Мира Стојчевска.

Пратениците во своите дискусии искажаа позитивен став во однос на донесување на предложеното законско решение. Беше истакнато дека Предогот на законот е од интерес на земјоделците и со него ќе се овозможи доделување дополнителна помош за земјоделските производи кои се продадени, а неплатени од страна на регистрираните откупувачи за период од пет години, односно од 2014 година па до денес. Со ова законско решение ќе се излезе во пресрет како на лозарите, така и на сите останати земјоделци. 

По расправата, Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието. 

Click