Активности

Сабота, 10 ноември 2018 година

Дваесет и деветта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 29. седница, како матично работно тело по скратена постапка го разгледа Предлогот  на  законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

на Комисијата, Лилјана Затуроска ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани на Предлогот на законот.

Комисијата, Предлогот на законот го проследи на натамошна постапка во Собранието.

Click